Мнозинството Срби го поддржуваат договорот со Косово

Од:

Резултатите од истражувањето што изминатиов период го направи српската агенција „Фактор плус“ покажуваат дека повеќе од половина српски граѓани го поддржуваат договорот за нормализирање на односите со Косово.

Договорот меѓу Србија и Косово го поддржуваат 57 отсто од анкетираните, 29 отсто се против него, а 14 проценти се воздржани.

Околу 17 проценти од вкупно 1.180 анкетирани Срби изјавија дека договорот е предавство на државните интереси. Од друга страна, околу 55 отсто се согласни со лидерите на државата, дека тоа „е максимумот што Белград можел да го постигне“.

Вкупно 43 проценти од Србите сметаат дека договорот ја приближува земјата до членството во ЕУ.
Договорот, парафиран минатата седмица, го отвори патот за забрзана европска интеграција на земјата.

Би можело да ве интересира

Снег во Србија, блокирани камиони на Златибор

Масовни покани за воени вежби во Србија : Кој не сака, следува казна

Военото раководство на Србија демантира дека сакале да влезат во Косово: Навреда за интелектот

Нов протест „Србија против насилството“, прв пат говореа пратеници од опозицијата

А1он

ВИДЕО: Инцидент во емисија во живо во Србија, навреди и поливање со вода

Предраг Петровиќ

Во Србија одземена лиценцата на iPay за издавање на електронски пари и платежни услуги