Мнозинство Грци се против избори

Од:

Најновите резултати од истражувањето на институтот „Капа Рисерч“ покажуваат дека повеќето грчки државјани сметаат дека предвремените парламентарни избори само ќе му наштетат на стопанството и општеството. Според мислењето на 59,9 проценти испитаници, одржувањето на избори негативно би влијаело на економијата и општеството, додека 36 проценти сметаат дека тоа би било добро.

Премиерот Андонис Самарас во текст објавен во неделникот “Реалњуз” наведе дека популистичката партија Сириза ги уценува пратениците за да обезбеди предвремени избори и дека предизвикува страв помеѓу населението.

Тој ги повика пратениците да покажат одговорност и „совесно“ да гласаат за Ставрос Димас, единствениот претседателски кандидат, поранешен европски комесари член на владеачката десничарска партија Нова Демократија.

Според истражувањето Сириза која е против мерките за штедење, на предвремените избори би имала предност од околу три проценти во однос на десницата.

За потсетување идната недела Грција треба да избере нов шеф на државата, а доколку не биде избран кандидатот од владеачката партија, ќе се распишат предвремени парламентарни избори.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит