ММФ ја намали прогнозата за глобалниот економски раст

Од:

Меѓународниот монетарен фонд денеска објави нова прогноза за перспективите на глобалната економија за 2015 година, предвидувајќи нејзин раст за 3,3 проценти.

Како што јави јужнокорејската агнеција Јонхап, ваквата прогноза за растот е помала од онаа од 3,5 отсто, што Фондот ја предвидуваше во април годинава. Лани ММФ предвидуваше дека глобалниот економси раст во 2015 година ќе изнесува 3,4 проценти.

Извори во ММФ соопштијуа дека ваквото намалување на прогнозата за раст се должи на најновите податоци за состојбата на стопанствата во САД и Северна Америка, кои се послаби од очекуваните, како и поради предизвициите со кои се соочува глобалната економија.

Според најновите предвидувања на ММФ, американската економија годинава ќе забележи раст од 2,5 процнети, за разлика од преходните прогнози за зголемување на годишниот БДП на САД за 3,1 отсто.

За еврозоната Фондот ја задржа непроменета прогноза за економскиот раст од 1,5 проценти, додека предвидувањата за зголемувањето на јапонската економија се намалени од 1 на 0,8 отсто.

Прогнозите за растот на кинеската и индиската економија остануваат непроменети на 6,8, односно 7,5 отсто, додека за Русија ММФ сега предвидува зголемување на БДП-то за 3,4 процнети, за разлика од априлските очекувања за раст од 3,8 отсто.

За 2016 година Фондот прогнозира раст на глоблната економија од 3,8 проценти, при што во развиените земји зголемувањето би изнесувало 1,2 отсто, а во државите во развој 4,8 процнети.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит