Младиќ го наредил убиството на гардистите?

Од:

Истрагата за убиството на Дражен Миловановиќ и на Драган Јаковљевиќ, гардисти на војската на Србија и Црна Гора кои пред осум години беа убиени во касарната „Караш“ во Белград, конечно е завршена.

Единствени се бара уште изјава од Ратко Младиќ за што е побарана асистенција на Хашкиот трибунал.

Двајцата војници беа пронајдени на 5 октомври 2004 година додека служеа воен рок во Гардиската бригада во белградската касарна.

Иако воената истрага утврди дека војниците меѓусебно се убиле, подоцнежната истрага покажа дека нив ги ликвидирал некој друг.

Јанко Јаковљевиќ, татко на убиениот гардиста тврди дека неофицијално добиле потврда дека војниците се убиени поради хашкиот затвореник Ратко Младиќ, кој тогаш се криел во истата касарна на Топчидер.

Пред еден месец родителите на убиени војници добиле писмо од „поранешното обезбедување на хашкиот затвореник“, каде пишува дека Ратко Младиќ тој ден престојувал во касарната на Топчидер, а проблемот настанал кога војниците го препознале.

Во писмото уште пишувало дека Младиќ ја издал наредбата за ликвидација, а веднаш потоа бил префрлен во касарната во Ваљево.

Во писмото се спомнати и сите високи државни функционери кои цело време знаеле што точно се случило во касарната во Топчидер.

 

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он