Млади Косовци го запалија знамето на Исламска држава

Од:

Група млади Косовци со палење на знамето на ИСИС, се приклучија кон глобалната иницијатива за палење на знамето на ИСИС, која почна во Либан.

Младите, кои се членови на најголемата косовска партија, Демократската партија, знамето го запалија пред споменикот на Скендер бег во Приштина, јавува МИА.

– На овој начин сакаме да го искажеме нашето противење кон грозоморните дела што ги прави ИСИС. Ние на Косово сме Албанци, ги почитуваме ралигиите како наше национално богатсво и во никаква форма во нашето општество нема да биде добредојдена екстремната верска струја, која му се заканува на мирот и меѓуверската и меѓубратска толеранција, порача Триумф Садику.

Косово во последните месеци е во центарот на вестите ширум светот поради вклученоста на голем број Косовци во борбите во Сирија и Ирак.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија