Младата Клаудија не ги послуша родителите, остана во „возот на смртта“

Од:

Клаудија Лата имаше само 21 година, студентка, која сега се најде на списокот на жртвите од трагичната железничка несреќа во Темпи, несреќа која го втурна во жалост нејзиното семејство и цела Грција.

Според Оnlarissa.gr, Клаудија е родена во Лариса. Таа била одличен ученик. Завршила средно Медицинско, и се запишала на Медицински факултет.

За трите дена на „чистиот понеделник“, ученичката отишла во Патра и се качила во возот за да се врати во своето училиште.

Нејзините родители, кои живеат во село близу Лариса, ја замолиле да се симне од возот и нив да ги види.

„Застани да те видиме“, ѝ рекле родителите, меѓутоа, таа одбила, за побрзо да стигне до Солун.

Како што им објаснила, сакала да одмори неколку часа за да може на време да се спрема за испит и останала во возот.

Клаудија Лата е една од 57-те загинати во страотната железничка несреќа која се случи во Лариса.

Би можело да ве интересира

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Сообраќајниот инспектор на Грчките железници е уапсен за несреќа кај Лариса

Горан Наумовски

Истрагата за судирот на возот во Грција покажа дека шефот на станицата не бил обучен за својата работа

Шефот на станицата во Лариса и 35 минути по несреќата не знаел за судирот на возот

ВИДЕО: Десетици илјади Грци на улиците поради железничката несреќа, фрлаа молотови коктели

Ана Ололовска

Шефот на станицата во Лариса останува во притвор

Горан Наумовски