Млад полицаец си го одзеде животот во БиХ, причините се непознати

Од:

Припадник на Федералната полициска управа на БиХ (ФУП) во неделата вечерта се самоубил на подрачјето на општина Илиџа.

– Како што дознаваме, се работи за помлада личност. Причините зошто „кренал рака на себе“ засега не се познати, објавија босанските медиуми.

На крајот на месецов беа забележани неколку самоубиства низ Босна и Херцеговина, а повеќето од нив беа млади или средовечни лица.

– Во последните неколку дена, за жал, сведоци сме на серија самоубиства во Босна и Херцеговина кои го потресоа регионот, а загриженоста на властите за менталното здравје на граѓаните е на ниско ниво, јавуваат босанските медиуми.

Во БиХ, нагласуваат медиумите, за разлика од земјите од регионот, нема СОС телефон за помош на луѓето кои размислуваат за самоубиство, што е првиот и основен чекор што треба да се воспостави за да им се помогне на луѓето кои се борат со психолошки и други проблеми.

Дополнително, одмогнува и општеството во кое е стигма да се посети психолог или психотерапевт, а сочувството меѓу луѓето е на исклучително ниско ниво поради негативното влијание на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Нови наоди на истрагата за смртта на Алма и нејзините три деца

Горан Наумовски

Маж од Белград на сила принудувал девојка да скокнат заедно од зграда

Горан Наумовски

Таткото кој со сопругата ги уби децата и се самоубија бил текстописец за метал бендови

А1он

Насилство во Атина: Ја тепал, силувал и ја ограбил партнерката, жената сакала да се убие

Горан Наумовски

Момче скокна од покривот на училиштето, мајка му гледала: Го малтретирале девојчињата од одделението

Предраг Петровиќ