Млад џудист на „Партизан“ загина во сообраќајка близу Нови Сад, осум патници се тешко повредени

Од:

На патот Нови Сад – Белград, утрово околу 3.47 часот се случи сообраќајна несреќа во која едно лице загина, а неколку лица се повредени. Според досега добиените информации, од сè уште непознати причини, се преврте комбе „опел виваро“ управувано од С.С. (1982). Во патничкото комбе патуваа осум малолетници, на возраст од 13 до 16 години, сите членови на џудо клубот „Партизан“ од Белград и се враќаа од меѓународен спортски камп и натпревар во Азербејџан.

Еден малолетен патник, на возраст од 16 години, почина на самото место, додека осум лица, вклучувајќи го и возачот, се пренесени во Клиничкиот центар „Војводина“ во Нови Сад со повреди од различен степен, известија истражителите.

Со алкотест е утврдено дека возачот на комбето не бил под дејство на алкохол. На местото на настанот се води истрага, по наредба на надлежниот јавен обвинител, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски