Митрофанова: Софија долева масло на огнот

Од:

Затворањето на бугарскиот воздушен простор за руски авиони и уште еден случај на протерување руски дипломати од Софија под фиктивен изговор несомнено ќе има негативно влијание врз нашите билатерални односи, изјави руската амбасадорка во Бугарија Елеонора Митрофанова на видео брифинг на Фејсбук страницата на амбасадата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, поради наводите во медиумите и прекинот на емитувањето на руски телевизии во Бугарија, Митрофанова секоја недела на брифинг ќе информира за актуелните прашања од меѓународната агенда и билатералните односи со Бугарија.

Според неа, прогласувањето од страна на бугарското Министерство за надворешни работи на двајца руски дипломати од амбасадата во Софија за персона нон грата не може да се смета поинаку освен како обид на официјална Софија „да долие малку масло на огнот“ во антируската хистерија што ја шири западот.

Според Митрофанова, овие бугарски чекори нема да останат без одговор, потсетувајќи дека на 5 март Русија ја прогласи Бугарија за непријателска држава. Не, Русија воведува ембарго за испорака на гас преку Северен тек 1, но европските политичари активно ја охрабруваа да го стори тоа, изјави руската амбасадорка во Бугарија Елеонора Митрофанова.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски