Амбасадорката на Русија во Софија, Елеонора Митрофанова, за БТВ коментира дека нема да има проблеми со обновувањето на испораките на гас од „Газпром“ доколку има политичка волја од страна на Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Митрофанова додаде дека плаќањата за природен гас може да се вршат само во руски рубљи. Со овој аргумент, Газпром пред неколку месеци ја прекина испораката на гас за Бугарија.
Преодната влада на Бугарија сигнализираше дека не ја исклучува можноста за преговори со Гаспром за обновување на испораките.
Министерот за енергетика на Бугарија, Росен Христов, во петокот на брифинг најави дека само делумно се обезбедени потребните количини гас за октомври, а се бараат добавувачи за ноември и декември по прифатливи цени. Ова доведе до остри критики од поранешните владејачки партии во Софија, „Демократска Бугарија“ и „Продолжуваме со промената“, кои рекоа дека преодната влада сака да ја врати енергетската зависност на Бугарија од Русија. Тие потсетија дека владата на Кирил Петков склучила договор со седум цистерни за течен гас, но нивните наследници потврдија дека е испорачана само една од нив.
За разлика од нив, нивниот поранешен коалициски партнер од Бугарската социјалистичка партија најави дека владата на премиерот Галаб Донев ќе започне преговори со Гаспром. Русија ја прекина испораката на гас за Бугарија затоа што еднострано го промени условот за плаќање од евра во руски рубљи. Бугарија продолжува да го плаќа месечно долгиот износ според договорот во евра, но „Газпромбанк“ го враќа бидејќи не е претворен во руски рубљи во банката на руската гасна корпорација.
Извор: МИА