Митаракис: Загубата на животи во море ја зајакнува потребата за борба против криумчарите

Од:

Потребата да се зајакне борбата против криумучарите, но и да се запрат нелегалните премини од Турција во Грција за бегалци и мигранти, ја истакна министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, по денешната нова трагедија во Егејското море, во која животот го загубија шест лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Безживотните тела на бегалците утрово беа пронајдени на брегот во југоисточниот дел на грчкиот остров Лезбос, а Митаракис рече дека соработуваат со меѓународните организации за да се идентификуваат за згинатите и да се известат нивните семејства.

-Секој изгубен живот во море е трагедија и ја зајакнува потребата за борба против мрежите на криумчарите кои ги искористуваат ранливите луѓе и предизвикуваат такви страдања. Време е Европската унија и меѓународните организации да дејствуваат, запирајќи ги таквите премини од Турција, која е безбедна земја, како предвидува заедничката изјава ЕУ-Турција од 2016 година, рече Митаракис.

Од грчката крајбрежна служба, како што претходно објави МИА, соопштија дека телата се пренесени во болница каде што ќе се изврши обдукција, а загинатите не носеле спасувачки елеци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Приведени двајца криумчари на мигранти