Албанскиот бизнисмен Фатмир Ара, кој исчезна пред два дена, е пронајден мртов во селото Сан Карло Канавесе во Торино, пренесува Репортер.
Италијанските медиуми јавуваат дека телото било пронајдено на земја, на неколку чекори од темниот автомобил паркиран покрај патот и дека се работи за убиство. Ара (43) е по потекло од Албанија, а живеел во Мати (Торино).
Тој бил пријавен за исчезнат на 2 септември. Обвинителството од градот Ивр работи на расветлување на околностите на настанот.
Бизнисменот Фатмир Ара не е непознато име за италијанските власти, јавува Косово онлајн.
Пред неколку години (2018) 43-годишен маж беше уапсен и осуден на три години затвор. Против Албанецот тогаш биле поднесени повеќе пријави од неговата сопруга за насилство, а тој бил осомничен и за носење оружје без дозвола, јавуваат медиумите.
Помеѓу другото, неговата сопруга тогаш го обвини дека е вклучен во нелегална работа. Ара побарал помош од својот пријател кој бил карабинери, но во исто време биле и соседи.
Раимондо Мароку, карабинер во касарната „Корио“ неколкупати телефонски се јавил за да ги дознае деталите од пријавите и истрагите што се покренати против Албанецот, но без резултати. Поради ова Мароку е осуден на 2 години и 2 месеци затвор.