Мировните преговори меѓу кипарските Грци и кипарските Турци ќе бидат обновени на 15. мај, изјави вчера специјалниот пратеник на Обединетите нации за Кипар, Еспен Барт Ајде.
Тој ова го изјави по средбата во Никозија со лидерите на грчката и турската заедница, Никос Анастасиадис и Мустафа Акинџи.
Ова беше првата средба на двајцата лидери и пратеникот на ОН, откако Акинџи на 29 април беше избран за претседател на турскиот дел на островот.