Министрите за одбрана на Грција и Турција ја истакнале важноста да се намалат тензиите во Источниот Медитеран

Од:

Намалувањето на тензијата во Источниот Медитеран и одржување средба за мерките за градење доверба биле темите за кои разговарале министрите за одбрана на Грција и Турција, Никос Панајотопулос и Хулуши Акар, објави на Твитер грчкиот министер, јави дописничката на МИА од Атина.

Панајотопулос и Акар се сретнаа во Брисел на маргините на НАТО состанокот, а од Министерството за одбрана на Грција соопштија дека на средбата „била истакната важноста да се намалат тензиите и да се консолидира климата на безбедност во Источниот Медитеран, врз основа на меѓународното право и принципот на добрососедство“ и било договорено наскоро да се одржи состанок на кој ќе се разговара за активностите поврзани со мерките за градење доверба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот