Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Од:

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ потврди дека Министерството за одбрана на Република Хрватска ќе го купи турскиот дрон Бајраткар.

„Почнавме да го набавуваме она што мислиме дека ни треба, Black Hawks, Rafales, Bradleys, конкретно зборуваме за HIMMARS, бродови за крајбрежна патрола, кога зборуваме за друго оружје, тоа се беспилотни летала Бајрактари“, рече министерот Анушиќ на гостиувањето на ХРТ.

Со оваа набавка, Хрватска станува трета земја во регионот, заедно со Албанија и Косово, која во своите вооружени сили ќе има беспилотни летала од турската компанија „Baykar“.

На големиот саем за оружје и воена опрема SAHA EXPO во Турција, хрватската компанија ORQA потпиша договор со турската компанија Baykar.

Хрватската компанија ORQA е специјализирана за производство на дронови FPV, кои во овој деловен аранжман треба да се интегрираат со турските дронови Bayraktar TB2.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон