Милков: Бугарија има интерес за приватизацијата на пристаништето во Александрополис

Од:

Шефот на бугарската дипломатија, Николај Милков, во преодната влада, за БНР коментираше дека неговата земја прави напори да ги развие односите со Грција за пристаништето во Александрополис.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Милков наведува дека Бугарија поседува 20 отсто од капиталот на гасниот терминал во овој грчки град, што треба да почне со работа во 2023 година. Бугарија е заинтересирана и за вториот гасен терминал што треба да се гради во Александрополис, како и за приватизацијата на тамошното пристаниште.

-На овој начин, Бугарија ќе стане медитеранска земја и ќе се избегнат тесните грла во Истанбулскиот теснец и ризиците за поморскиот транспорт во Црното Море, кажа Милков.

„На овој начин Грција, Бугарија и Романија ќе ја подобрат својата поврзаност и ќе добијат дополнителни геополитички предности од нивното членство во Европската унија и ќе можат да станат дел од синџирот на снабдување и транспорт“, додаде тој.

Милков коментираше и дека ги има сите причини да мисли дека интерконекторот меѓу Бугарија и Грција за пренос на неруски гас во балканскиот регион ќе стапи во функција на 1 октомври.

Бугарскиот министер за надворешни работи ја отфрли можноста ЕУ да се распадне и рече дека нема таква опасност од раскинување на политиката што Европската унија ја води.

Инаку, според него, ова била стара стратегија на Москва.

-Од времето на Студената војна, Москва се обидува да забие клин меѓу САД и Европа, како и во неа, за да ја зајакне хомогеноста и нивните позиции на европските земји, прокоментира Милков.

Матрупаните кризи со кои се соочува ЕУ, почнувајќи од пандемијата на Ковид-19, нарушувањето на синџирите за снабдување, недостигот на основни производи, недостатокот и зголемувањето на цените на енергенсите и суровините, откриваат нови слабости што ЕУ мора да ги надмине, за да станеме поконкурентни и похомогени, прокоментира Милков.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски