Милер: Србија може да се поврзе на гасоводот „Турски поток“

Од:

Претседателот на Управниот одбор на рускиот „Газпром“, Алексеј Милер изјави дека Србија може да се поврзе на гасоводот „Турски поток“, преку кој ќе се дистрибуира гас од Русија преку Црното Море до Турција.

– Да, таа можност постои. Како што знаете, проектот „Турски поток“ претпоставува изградба на две траси на гасовод од Русија до Турција преку Црното Море. Со првиот крак, гасот ќе оди на турскиот пазар. Вториот крак е наменет за снабдување со гас на земјите од Јужна и Југоисточна Европа, вели Милер во изјава за денешното издание на белградскиот весник „Вечерње новости“.

Тој, како што јави дописникот на МИА од Белград, објаснува дека за снабдувањето на Европа со гас од тој гасовод, потребно е европските компании да ги спроведат капацитетите за прием и понатамошен транспорт на гасот.

Милер вели дека „Газпром“ веќе има потпишано „патокази“ за развој на националните гасоводни системи со Бугарија, Србија и Унгарија.

– Операторите за транспорт на гас веќе работат, за да осигураат дека системите за транспорт на гас во овие земји се подготвени да примат дополнително количество на гас. Во исто време, постои и можност за испорака на гас од територијата на Турција кон Грција и понатаму на југ до Италија, вели Милер.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени