Милатовиќ убедливо го совлада Ѓукановиќ

Од:

Јаков Милатовиќ, кандидатот за претседател на Движењето Европа сега, убедливо води во вториот круг од претседателските избори, покажуваат првичните резултати.

Според прелиминарните резултати на Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ), врз основа на 69,7 отсто од преброените гласови, Милатовиќ освоил 60 отсто од гласовите, а кандидатот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ 40 отсто.

Според податоците на ЦЕМИ, излезноста била 71 отсто. Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) објави, според преброените 65,2 отсто од гласовите, дека Милатовиќ освоил 56,9 отсто од гласовите, а Ѓукановиќ 43,1. Претходно објавија дека излезноста била 70,7 отсто.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски