Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, по повод утрешниот натпревар со Србија, порача дека сака Хрватска да покаже дека е пристојна држава, која ги сака своите, а не ги мрази другите.
-Ќе го повторам повикот на навивачите, ако слушнете нешто што ќе ве навреди како граѓани, надвикајте го тоа со песна– изјави премиерот.
Состанокот на премиерот Милановиќ со Давор Шукер и тренерот Игор Штимац е организиран во последен момент, бидејќи премиерот сакал да прати порака до навивачите.
Утре во 11 часот, Шукер и Томислав Караџиќ ќе се сретнат и со претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ.
-Атмосферата е жршка и не е лесно-изјави премиерот Милановиќ и ги пофали фудбалерите од кои што дошле разумни и цивилизирани изјави.
-Сакаме да бидеме одговорни домаќини. Да се биде Хрват не значи да бидеш против некого, туку за себе.
Елена Георгиевска