Милановиќ: Хрватска идниот месец ќе аплицира за шенген

Од:

За Хрватска многу е важно прашањето за влез во Шенген зоната и поради тоа на почетокот од јули ќе аплицира за полноправно членство, изјави хрватскиот премиер Зоран Милановиќ по средбата со естонскиот премиер Тави Роивас, јавува Хина.

Милановиќ оцени дека билатералните односи меѓу двете земји се одлични и покрај географската оддалеченост.

– Нашите билатерални односи се многу позитивни, а постои голем потенцијал во многу сектори, како што е туризмот, посочи Роивас, изразувајќи задоволство од директната авиолинија меѓу Талин и Загреб, која им овозможи на Естонците да ја запознаат Хрватска.

Тој истакна и дека ако Европа го либерализира дигиталниот пазар, земјите ќе можат да разменуваат услуги без оглед на границите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски