Милановиќ бара поддршка од партијата

Од:

Лидерот на Социјалдемократската партија (СДП), хрватскиот премиер Зоран Милановќ побара денеска од членовите од партискиот Главен одбор да го поддржат во понатамошното водење на партијата и Владата.

Во воведниот говор на седницата на која Главниот одбор треба да ги анализира резултатите од изминатите евроизбори и да донесе одлука за предлогот од партијата да се исклучи поранешниот министер за финансии Славко Линиќ, нагласи дека верува дека СДП е здрава демократска заедница и оти општеството и државата се нивна голема одговорност.

Премиерот повтори дека пред Владата е тешка работа на неопходните реформи и оцени дека актуелната власт во неодамнешните поплави во Славонија покажала дека е во состојба квалитетно и одговорно да одговори на катастрофи, пренесува ХИНА.

Инаку, Милановиќ предложи исклучување на поранешниот министер откако Линиќ изнесе серија обвиненија на негова сметка, од тоа дека ги штител семејството и пријателите на штета на државата, до тоа дека ги злоупотребил безбедносните служби и ги шпионирал.

Судирот доби такви размери што мораше да се вмеша и хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, предупредувајќи дека партиските судири не смеат да се прелеваат во државните органи и да ја загрозуваат работата на Владата. Поради сериозноста на обвиненијата кои ги изнесе Линиќ, Јосиповиќ побара извештај од надлежните безбедносни служби кои покажаа дека премиерот не ги злоупотребувал и не го шпионирал сменетиот министер.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб