Милан Кучан се обидува да формира нова Влада на Словенија

Од:

Поранешниот словенечки претседател Милан Кучан има главна улога во преговорите за формирање нова владина коалиција во Словенија, тврди љубљанскиот неделник „Репоретер“.

Весникот, кој е познат по своите десничарски ставови, наведува дека формирањето на новата словенечка коалициска Влада ќе го овозжи либералната Граѓанска листа (ДЛ) на Грегор Вирент, кој донеодамна беше дел од актуелната десноцентристичка владина коалиција.
Според весникот, единствен мотив за соработакта меѓу Вирант и Кучан се парите, при што го обвинува лидерот на ДЛ дека на овој начин „го враќа од мртвите“ поранешиот претседател на Словенија.
„Репоретер“ тврди дека најсериозен кандидат за нов словенечки премиер е првиот човек на индустриската групација „Колектор“ Стојан Петрич, кој според весникот е „тајкун и еден од најверните директори од кругот на Кучан“.
Весникот потенцира дека Петрич со години беше член на бројни одбори за контрола на државните банки и го обвинува за противзаконска приватизација на „Колектор“. Според „Репортер“, Петрич прифатил да биде кандидат за нов премиер само за да ја спаси својата компанија „Колектор“ која се соочува со огрони долгови.
Владината  криза во Словенија започна кога ДЛ ја напушти Владата, откако минатиот месец Антикорупциската комисија го обивни словенечкиот премиер Јанез Јанша дека изнесувал неточни податоци за неговата имотна состојба.
Комисијата за прикривање на реалната имотна состојба го обивни и градоначалникот на Љубљана и лидер на најголемата опозициска партија Позитивна Словенија (ПС), Зоран Јанковиќ, кој по овие обвинувања времено се повлече од функцијата партиски лидер.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг