Мицотакис: Зголемениот број случаи на Ковид-19 се должи на опуштеноста и раздвиженоста во Грција

Од:

Здравствената, но и економската криза предизвикани од пандемијата на Ковид-19 беа во фокусот на расправата во грчкиот Парламент на ниво на лидери на партии, по иницијатива на лидерката на Движење на промена, Фофи Генимата.

На расправата што заврши синоќа кусо пред полноќ, а траеше над шест часа, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис детално говореше за сите аспекти на пандемијата и начините со кои земјата се справува, истакнувајќи дека лекцијата од летото е дека постоеше опуштање во општеството во однос на превентивните мерки.

-Последното зголемување на случаите, се должи, пред сè на внатрешната раздвиженост и опуштање во однос на правилата за заштита, а помалку на странските посетители. Зошто? Бидејќи отворањето на туризмот беше направено со континуирано проучување на епидемиолошката слика на секоја земја на потекло и со земање примероци на сите влезни порти, објасни Мицотакис и додаде дека според последните податоци од 1 јули до 6 септември биле направени 451.908 тестови на копнените граници и на аеродромите, а позитивни биле 972 лица.

Во однос на почетокот на учебната година, Мицотакис рече дека училиштата ќе се отворат по препораката од епидемиолозите, а „училишното ѕвонче ќе ѕвони во ритамот на новите правила“, маски, протоколи, антисептици итн.

Лидерот на опозициската СИРИЗА Алексис Ципрас, упати критики до Владата дека новиот бран и зголемениот број позитивни случаи, меѓу другото се должи и на пропусти и грешки во владината политика и создава голема загриженост.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он