Мицотакис за коронавирусот: Најтешкото е пред нас

Од:

Нашата земја засега не е погодена како други земји, но да немаме илузии, најтешкото е пред нас, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговото обраќање до граѓаните за коронавирусот и паралелно се осврна и на ставот на црквата, порачувајќи дека она што важи за јавните собири важи и за црквите.

Во седум и пол минутната видео порака до граѓаните, Мицотакис се осврна на владините како што рече, „строги превентивни мерки“, им се обрати на учениците кои „сега имаат многу слободно време“, порача сите да се грижат за бабите и дедовците“, а го коментираше и ставот на црквата во врска со причестувањето и пренесувањето на коронавирусот.

Тој рече дека во изминатите денови имал потреба да се повика на вербата за да извлече сила.

-Но, како премиер, должен сум да ги слушам научниците. Она што важи за јавните собири важи и за нашите цркви. Денес, не се на тест нашите верувања, туку нашата верба во здравјето на луѓето. Љубовта кон ближниот во која се колне самото православие. Затоа и верските должности треба да се прилагодат на реалноста. И колку што е можно, да се извршуваат од дома, да се ограничат големите собири. Црквата на верниците, впрочем е голема. Се надевам на поддршка и од раководството на црквата во заедничката цел. Но мојата институционална улога ми наметнува, јасно да заземам став за прашањето, рече Мицотакис.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он