Мицотакис со Пахор и Јанша разговарал за европската перспектива на Балканот

Од:

Европската перспектива на балканските земји, како и претстојниот Самит ЕУ- Западен Балкан на 6 октомври, биле дел од темите за кои грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис разговарал вчера со неговиот словенечки колега Јанез Јанша и утрово со претседателот на Словенија Борут Пахор на средбите на маргините на „Bled Strategic Forum 2021“, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираат од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис посочил дека треба да се поддржи европската перспектива на земјите од регионот, со предуслов да се исполнат поставените услови.

Дополнително, на средбите била разгледани регионални прашања, случувањата во Авганистан и текот на пандемијата.

Во однос на евентуални нови бранови бегалци и мигранти, Мицотакис истакнал дека не може да се прифати повторување на она што се случуваше во 2015 година и нагласил дека е неопходно да се поддржат земјите што се блиску или се граничат Авганистан со цел да се обезбеди поддршка за бегалците.

За пандемијата, грчкиот премиер ги информирал неговите соговорници за кампањата за вакцинација, за мерките во Грција, како и за задолжителната имунизација на здравствените работници што од денеска стапи во сила.

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски