Мицотакис: Нашата цел е да го достигнеме европскиот просек на кревети на интензивна нега

Од:

Мојата цел, од прв момент беше да го достигнеме европскиот просек за места на Одделенијата за интензивна нега и ќе го достигнеме, а оваа наша обврска до крајот на годината ќе ја исполниме и ќе имаме околу 11 до 12 кревети на интензивна нега на 100.000 жители. Но, тоа не можевме да го постигнеме сами, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на настанот во рамките на меѓународната иницијатива на Фондацијата „Ставрос Ниархос“ за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Фондацијата донираше 15 милиони евра што ќе се искористат за 174 најсовремени кревети за интензивна нега во 15 државни болници низ цела Грција, најголемиот дел од нив во областа Атика и на островите.

Донацијата опфаќа и планирање, изградба, реконструкција или реновирање на објектите каде што ќе бидат поставени новите кревети, а грчкиот здравствен систем ќе се зајакне со модерна инфраструктура со вкупна површина од 8.000 метри квадратни. За опремата и персоналот ќе биде задолжена државата, а целиот проект се очекува да заврши за шест месеци.

На почетокот на годинава Грција имала 565 легла на Одделенијата за интензивна нега, помалку од шест на 100.000 жители, додека пак сега, речиси се двојно зголемени, односно земјата располага со 1.017 кревети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он