Мицотакис – Јеронимос: Вакцинација и целосно почитување на мерките за заштита од Ковид-19

Од:

Потребата да се покаже истрајност во напорите за целосна вакцинација на населението и важноста на почитувањето на мерките, ги истакнале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и поглаварот на Грчката православна црква архиепископот Јеронимос.

Мицотакис денеска присуствуваше на состанокот на Светиот синод на ГПЦ, а по завршувањето, двете страни излегоа со заедничкото соопштение во кое велат дека „во одлична атмосфера на соработка се одржа историската посета на премиерот Киријакос Мицотакис, кој беше придружувана од министерката за образование и религија Ники Керамеос и заменик министерот под премиерот и владин портпарол Јанис Иконому“.

-Заедничка констатација на премиерот и неговото блаженство беше потребата да се покаже особено внимание и истрајност во општите напори за целосна вакцинација на населението, особено во областите каде што има слаба имунизациска покриеност. Беше препознаена и важноста на доследно почитување на мерките за превенција и заштита од коронавирусот, пишува во заедничкото соопштение на грчкиот премиер и светиот синод на ГПЦ.

Освен за пандемијата, на состанокот станало збор и за други теми поврзано со односите меѓу црквата и државата.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Договорот од Преспа е неопходен предуслов за да се отвори европски пат на Македонија, вели Мицотакис