За координацијата на САД и Грција, како сојузници на НАТО, за да ѝ помогнат на Украина да се брани од Русија, телефонски разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и американскиот државен секретар Ентони Блинкен , јави дописничката на МИА од Атина.
Како што напиша грчкиот премиер на Твитер, освен за Украина, станало збор и за ситуацијата во Источниот Медитеран.
-Конструктивен телефонски разговор денеска со секретарот Блинкен. Разговаравме за нашата тесна координација како сојузници на НАТО за да ѝ помогнеме на Украина да се брани од Русија, како и за неодамнешните случувања во Источниот Медитеран, напиша Мицотакис на Твитер.