Мицотакис: Грција е подготвена да помогне за пренос на заглавената пченица во Украина

Од:

Грција уште еднаш се понуди да помогне и да поддржи секаков обид под покровителство на Обединетите нации, со цел пченицата која моментално е заглавена во Украина, пред сè во Одеса, да ја напушти Украина и да пристигне во земјите на кои што им е потребна, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на прес конференцијата во Мадрид по завршувањето на НАТО самитот, јави дописничката на МИА од Атина.

Додаде дека Грција има посебна улога во овој напор, бидејќи „ја контролира најголемата флота во светското трговско поморство“.

За членството на Шведска и Финска во НАТО, Мицотакис истакна дека „двете европски демократии значајно ќе придонесат во дополнителното зајакнување на Алијансата“, но и додаде дека Самитот што завршува денеска е од „голема геополитичка важност бидејќи беше усвоена новата стратешка догма“.

-Очигледно, стратешкиот противник на Алијансата во овој момент е Русија и затоа ние како Алијанса одиме напред со значително зајакнување на источното крило на НАТО, за да можеме да ја прошириме моќта на одвраќањето на било какви руски амбиции кон земјите- членки на НАТО, рече Мицотакис.

За односите со Турција, грчкиот премиер рече дека на средбата на американскиот и турскиот претседател била испратена јасна порака дека треба да се избегнуваат тензии и во Егејското море и во Сирија, како и повик до Анкара да му се врати на дијалогот.

-Во ниту една од многуте дискусии што ги имавме за време на Самитот, Турција не покрена апсолутно никакво прашање што се однесува на изнесувањето на нејзините аргументи против Грција. Ова мислам дека кажува нешто за тоа колку овие аргументи навистина можат да се поткрепат во меѓународно опкружување како ова на НАТО или дали на крај се само аргументи насочени повеќе кон домашното јавно мислење, истакна грчкиот премиер.

Во однос на ставот „Мицотакис јок“ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, односно дека одбива средба со грчкиот премиер, Мицотакис рече дека истата изјава била повторена одамна во минатото, а сепак потоа постоела средба.

-Оценувам дека во некој момент ќе се сретнеме. Треба да се сретнуваме, треба да разговараме и треба со нашите разлики да се справуваме цивилизирано, во рамките на добрососедските односи и единствената референтна точка меѓународното право. Не постои друга рамка на која можеме да се потпреме за да ги решиме нашите разлики, рече Мицотакис.

Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на Турција да го регистрира бренд името „Turkaegean“ (Турски Егеј) во надлежните служби на Европската Унија и за истоимената туристичка кампања, нешто што во изминатите денови е една од главните теми во Грција, Мицотакис истакна дека Владата ќе реагира и ќе ги исцрпи сите правни можности што ги има на располагање, но и призна дека постои одговорност што не постоела порано реакција.

-Верувам дека имаме на располагање правен арсенал за да го поправиме ова што се случи, а се однесува на туристичкиот имиџ на државата, се однесува на нашиот туристички производ. Иако, гледајќи ги резултатите од овогодинешната туристичка сезона, мислам дека оваа кампања немаше никакво суштинско влијание врз тоа колку добро оди грчкиот туризам, особено туризмот во Егејското Море, особено туризмот на нашите острови, објасни грчкиот премиер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски