Мета: Синоќешниот протест најубавата слика за живо општество и демократија на дело

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета реагираше во врска со масовните мирни протести организирани синоќа во Тирана од опозицијата и албанските граѓански активисти, оценувајќи дека „беа најубавата слика за живо општество и демократија на дело”.

-Вистинските и праведните каузи, кои произлегоа на овој протест, треба без одлагање да ги разбудат сите институции. Не може да има оправдување за неподвижноста на правосудните органи по корупциските мега-скандали кои секојдневно се откриваат, напиша попладнево во објава на Фејсбук.

Додава дека екстремната сиромаштија, која ги принудува Албанците во очај да се иселуваат, не може да биде покриена со ниту една фантазија.

-Посакувам гласот на граѓаните да се слушне и да се разбере правилно, поттикнувајќи ја одговорноста на сите нивоа, заедно со преземањето на одговорностите како законска, а во исто време и политичка обврска. Го поздравувам и одлучниот став на албанската опозиција за поддршка на почеток на преговорите за членство на Албанија во Европската унија и зајакнувањето на регионалната соработка во рамките на Берлинскиот процес, наведува Мета.

Заклучува дека “овие пораки и мирниот дух што го карактеризираше протестот ја прават Албанија поевропска, подемократска и понадежна”.

Синоќешниот протест, иако се карактеризираше со голема масовност мина без инциденти. На истиот присуствуваше и лидерката на Движењето за социјалистичка интеграција, Моника Круемади, сопруга на Мета, кој најави враќање на лидерската позиција во партијата, што тој и ја формира, по завршување на мандатот на 24 месецов.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски

Уапсен е Илир Мета – екс претседателот на Албанија

А1он

Ги преживеаја најсуровите прогони, но никогаш не се откажаа, напиша Мета по средбата со Мицкоски

Мета до Мицкоски: Целосно сум убеден дека ќе бидете пример за инспирација

Мета потврди дека опозицијата на локалните избори ќе има заеднички кандидати за градоначалници

А1он

Мета: За тензиите во Косово одговорен е Белград, но и премиерот Рама

А1он