Мета поднесе кривична пријава до СПАК против Управата за досиеја за фалсификат дека тој бил соработник на ШИК

Од:

Лидерот на Партијата на слободата и доскорешен шеф на албанската држава, Илир Мета до Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал, СПАК, поднесе кривична пријава против Управата за досиеја од поранешната тајна служба, ШИК.

Тој обвинува дека документите се фалсификувани со цел да се наруши неговата личност, при тоа објавувајќи и документи од досието во кое претходно се алудираше дека е соработник на тајната служба.

-Овој материјал вели дека од техничко-оперативната информација лицето Ф.Т. му кажува на кодошот И.М. дека ќе избега во странство и слично, ова е автентичниот. Направиле фалсификат, тоа се најлесните работи за фалсификување. Под иницијалите И.М. го додадоа студентот Илир Метај. Се е направено во соработка меѓу членовите на комисијата. И за сите овие прекршувања на законите што ги направија мора кривично да одговараат, рече Мета.

Она што паѓа во очи е тоа што Мета на пријавата се потпишува како Илир Метај, како што претходно Управата за матична евиденција потврди дека тој фигурира под тој идентитет и дека воопшто не извршил измени.

Тој обвини дека Парламентот постојано е вклучен во дестабилизирачки сценарија против политичкиот плурализам „нарачани од премиерот Еди Рама и оти нема сомнеж дека Управата за досиеја е анекс на владата и општината Тирана“.

Сега се чини дека почна силен судир меѓу мнозинството и лидерот на Партијата на слободата Илир Мета. Пред две недели во јавноста излезе дописот на СПАК за поткренување истрага против него под сомнение за „непријавено лобирање во вредност од околу 700.000 евра“.

Исто така почната е истрага и за перење пари, корупција и злоупотреба на службената положба, во соработка со неговата сопруга Моника Круемади, нејзиниот брат Дрини Круемади и таткото на неговата сопруга Нури Пети.

Мета, кој на функцијата претседател на државата беше до 24 јули, обвини за „политичка употреба на правосудните институции“.

Тој дури го обвини Рама за соработка со криминални групи, објавувајќи го започнувањето масовни протести, со цел предвремени избори во земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски

Уапсен е Илир Мета – екс претседателот на Албанија

А1он

Ги преживеаја најсуровите прогони, но никогаш не се откажаа, напиша Мета по средбата со Мицкоски

Мета до Мицкоски: Целосно сум убеден дека ќе бидете пример за инспирација

Мета потврди дека опозицијата на локалните избори ќе има заеднички кандидати за градоначалници

А1он

Мета: За тензиите во Косово одговорен е Белград, но и премиерот Рама

А1он