Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата(ПЛ)Илир Мета коментирајќи го изгласувањето законот за отворање на сите досиеја на тајната служба Сигурими, ја употреби поговорката „Забремени планината се роди глушец“, што подразбира нека нема ништо значајно да се случи.
-А што направија со овој закон синоќа? Забремени планината се роди глушец. Илир Мета е секој ден на терен и со целосна одговорност. Сигурен сум дека резултатот на ПЛ на претстојните избори ќе биде спектакуларен во Тирана и во поголемите градови, порача Мета.
Додаде дека приказната дека „И. М висок функционер бил шпион на тајната служба“ е игра помеѓу Еди Рама, лидер на владејачката Социјалистичка партија и актуелен премиер и Љуљзим Баша, поранешен лидер на опозициската Демократска партија.
-Рама многу добро знае дека тој е авторот на анонимната електронска пошта. Играта со историјата на И.М. е игра Рама-Баша. Тоа се случи кога беа сменети двајца членови на Управата за досиеја. Баша нема шанси да наруши работа, тој е заложник на други приказни, посочи Мета.
Тој уште му порача на Рама дека не се плаши.
-Ги добив сите битки внатре и надвор. Стотици милиони евра се вложени за купување меѓународни институции против Илир Мета. Вонреден притисок е извршен и врз Уставниот суд против Илир Мета. Потписот на претседателот на Собранието и сè останато е фалсификат. Илир Мета ја напушти функцијата на 24 јули, ги поздрави сите со орелот, а на 25 го почна летот. Треба да знаете дека орелот лета високо, рече тој.
Албанскиот парламент по долга и жолчна расправа на полноќ ги изгласаа измените на „Законот за досиејата на државна безбедност“ со што станува возможно да се отворат сите досиеја од 1944 до 1991 година.
Извор: МИА