Мета: Да се обединиме сите против Рама

Од:

За да го победи Еди Рама на локалните избори, лидерот на Партијата на слободата и поранешен претседател, Илир Мета повика за единство на опозицискиот фронт.

Тој побара од демократите повеќе да не му веруваат на Љуљзим Баша, кој заедно со Еди Рама ја загрозиле демократијата и плурализмот во државата и поставуваат монистички режим.

-Како ја зароби државата? Тука Рама се покажа мудар, суптилен, зграпчувајќи го Лули. Ама едно ќе ви кажам, нема поталентиран бизнисмен од Лули. Благодарение на неговите трикови, тој е насекаде заедно со Еди Рама. И денес додека зборуваме тие се заедно. Тие се заедно против политичкиот плурализам, обвини Мета.

Според него „благодарение“ на Баша опозицијата денес е без ниту еден советник во советите на општините, алудирајќи на бојкотот на последните локални избори од страна на здружената опозиција.

На средба со граѓаните на Кучово рече дека во малите градови позабележително е заминувањето на граѓаните, за што доволно е да се видат празните училници во училиштата, за што го обвини премиерот Еди Рама, додавајќи дека за се еден ден ќе даде отчет.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски

Уапсен е Илир Мета – екс претседателот на Албанија

А1он

Ги преживеаја најсуровите прогони, но никогаш не се откажаа, напиша Мета по средбата со Мицкоски

Мета до Мицкоски: Целосно сум убеден дека ќе бидете пример за инспирација

Мета потврди дека опозицијата на локалните избори ќе има заеднички кандидати за градоначалници

А1он

Мета: За тензиите во Косово одговорен е Белград, но и премиерот Рама

А1он