Мешовитиот економски комитет Грција -Турција одржа состанок по пауза од 11 години

Од:

Мешовитиот економски комитет Грција –Турција, по пауза од над 11 години, денеска во Атина го одржа петтиот состанок, а претседателите на комитетот, заменик- министерот за надворешни работи на Грција Костас Франкојанис и заменик-министерот за трговија на Турција Мустафа Тузџу, потпишаа протокол и разговараа за низа теми од взаемен интерес, јави дописничката на МИА од Атина.

Во заедничката декларација, шефовите на делегации изразуваат задоволство за реактивирањето на комитетот, чиј последен состанок беше одржан во октомври 2010 година.

Билатералната трговија, иницијативи за инвестиции и охрабрување на бизнисите за развој на заеднички иницијативи во двете земји; зајакнување на соработката во енергетиката; дополнителна соработка во заштитата на животната средина, управувањето со отпадот, квалитетот и адекватноста на водните ресурси и прашања поврзани со климатските промени; соработка во патниот, железничкиот, морскиот и воздушниот транспорт; зајакнување и диверзификација на трговијата со земјоделско-прехранбени производи и обновување на билатералната соработка во областа на истражување и технологија, биле темите за кои станало збор на состанокот.

-По завршувањето на петтата сесија на Мешовитиот економски комитет, двете страни ја изразија нивната посветеност да продолжат да работат за постигнување напредок по темите вклучени во позитивната агенда, со акцентот на унапредување на економската соработка и трговската размена меѓу двете земји, пишува во заедничката декларација.

На состанокот предвидено беше да присуствува и министерот за туризам на Турција, но поради невремето во Атина не успеал да слета и се вратил назад.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот