Криминологот Добривоје Биба Радовановиќ вели дека комбинацијата на алкохол и спид што ја користел Матеј Периш кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември, е многу опасна.
„Има две можности доколку младиот човек конзумирал алкохол и спид, и ниту една не е добра. Тоа е многу смртоносна комбинација која кај некои луѓе предизвикува големи психолошки проблеми кои можат да доведат до депресија и самоубиство, додека кај други може да парализира некои функции во телото. Последиците можат да бидат трагични и никогаш не се знае што може некој да направи во тој момент“, објаснува Радивојевиќ и додава:
„Многу е вознемирувачки што веќе некое време го нема и тоа остава простор за црни сомнежи. Исто така, тоа што пријателите веднаш не го пријавиле исчезнувањето на Матеј не значи дека не сакале, туку прашање е во каква состојба биле. Сомнително е и кога забележале дека исчезнал“.
Американскиот центар за зависности наведува дека луѓето често комбинираат дрога и алкохол за да ги подобрат ефектите.
„Една многу опасна комбинација е употребата на алкохол и амфетамини, т.е. спид. Може различно да влијае на различни поединци, а многу зависи од количината, но оваа комбинација е опасна бидејќи алкохолот и спидот испраќаат сосема спротивни директиви до телото“, се наведува на нивниот сајт.