Економските реформи, кои кипарската Влада ги спроведе во рамките на стабилизациската програма, разработена со меѓународните кредитори, почнаа да даваат резултати, изјави во денешното соопштение заменик-портпаролот на Владата Виктор Пападопулос.
Агенцијата Стандард енд Пурс одново го зголеми кредитниот рејтинг на Кипар, што значи дека економијата на земјата ја враќа меѓународната доверба, се наведува во соопштението.
Вчера, Стандард енд Пурс го зголеми за еден степен долгорочниот кредитен рејтинг на Кипар во странската и домашна валута од Б до Б+, посочувајќи дека буџетските показатели на земјата ги надминале очекувањата.