Мерките за градење доверба меѓу двете кипарски заедници повторно тема на лидерската средба

Од:

Претседателот на Република Кипар, Никос Анастасиадис, повторно ќе го постави прашањето за мерките за градење доверба меѓу двете етнички заедници и тоа ќе се случи на денешната последна средба во рамки на дијалогот со лидерот на кипарските Турци, Дервиш Ероглу, на кои се бара формулата за повторно обединување на островот, пренесе АНА-МПА.

Кипарскиот владин порпарол Никос Христодулидис изјави дека кипарската грчка страна сериозно е подготвена за опсежно разгледување на ова прашање.

Се очекува на денешната средба да се направи преглед на постигнатите резултати од досега водените преговори.

Предвидено е кипарскиот претседател и лидерот на кипарските Турци повторно да се сретнат во понеделник.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ