Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Европскиот парламент ја образложи програмата на германското претседателство со ЕУ, истакнувајќи дека „треба да се стреми кон напредок на земјите од Западен Балкан и да им се даде перспектива за членство во Унијата“.
Таа нагласи дека Германија, како претседавач со ЕУ, до крајот на годинава има задача да ги поттикне преговорите за членство со Македонија и „во краен случај и со Албанија“, додавајќи дека е важно и партнерството со Африка, особено кога станува збор за притисокот на мигрантите.
Меркел изјави дека ЕУ мора да дејствува одлучно и солидарно, помагајќи им најмногу на оние земји кои се најтешко погодени од последиците на пандемијата на новиот коронавирус и потенцирајќи ја важноста од усвојување на големиот финансиски план за поддршка од 750 милијарди евра, за кој многу придонеле земјите како Германија, Франција заедно со ЕК.