Германската канцеларка Ангела Меркел на 5 јули ќе учествува на Конференцијата за Западен Балкан, која се одржува во рамките на Берлинскиот процес во полскиот град Познањ.
Портпаролката на германската Влада, Мартина Фиц наведе дека се работи за годишна конференција, што германската Влада во 2014 година ја покрена како Берлински процес.
– На Самитот на овој формат повикани се земјите од Западен Балкан, дел од земјите-членки на Европска Унија, како и претставници на Европска Комисија, истакна Фиц.
На пленарната седница предвидено е да се разговара на повеќе теми, меѓу кои и за вмрежување на Западен Балкан, како и за економско-политичките прашања.
Фиц додаде и дека е предвидена заедничка прес-конференција на премиерите на Полска, Матеуш Моравијецки, на Северна Македонија Зоран Заев, на Бугарија, Бојко Борисов и германската канцеларка Ангела Меркел.