Меркел: ЕУ нема да измисли нови услови за почнување преговори за членство на Србија

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави денеска во Виена дека Европската унија нема да поставува нови услови за почнување преговори за членство на Србија, јави ТАСС.

Меркел нагласува дека Србија значително се приближила до отварањето на првото поглавје од преговорите, но точен датум за тоа се уште нема.

– Исполнети се одредени работи, кои ние претходно ги поставуваме како услови за почеток на преговорите. Не треба да се очекува дека ЕУ сега ќе измислува нови предлози, рече Меркел.

Таа призна дека пред неколку месеци не била сигурна дека ќе биде постигнат таков напредок во преговорите за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

Меркел додаде дека ЕУ прво треба да ги анализира спогодбите меѓу двете земји, кои беа постигнати оваа недела, пред да продолжи процесот на интеграција на Србија.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен