Меркел денеска во Тирана на состанок со лидерите од Западен Балкан

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја продолжи својата посета на Западен Балкан денеска во Тирана, каде што ќе има билатерална средба со албанскиот премиер Еди Рама, со кого ќе разговара за билатерални и економски прашања, како и за приближувањето на земјата кон Европска унија.

Канцеларката ќе присуствува потоа на ручек со премиерите на сите земји од Западен Балкан, на кој главна тема ќе биде регионалната соработка, по што ќе следи прес -конференција.

Пред враќањето во Берлин, Ангела Меркел ќе има билатерални средби со шефовите на владите на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Косово, соопшти германската амбасада во Тирана.

Советот на министри на Босна и Херцеговина објави дека на состанокот на Ангела Меркел со лидерите на Западен Балкан ќе присуствува претседавачот Зоран Тегелтија, кој потоа ќе има билатерална средба со германската канцеларка.

Кабинетот на премиерот на Црна Гора објави дека Здравко Кривокапиќ ќе отпатува за средба во Тирана.

„Темата на заедничкиот состанок со лидерите на земјите од Западен Балкан ќе биде регионалната соработка и нејзиното подобрување“, се вели во соопштението.

Германската канцеларка вчера беше во посета на Србија.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ