Мекалистер ја повика ЕУ повеќе да помогне на Западен Балкан

Од:

Претседателот на Надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер, го поздрави предлогот за проширување на Фондот за солидарност на ЕУ за покривање на најитните случаи во здравството, во екот на борбата против коронавирусот и истовремено повика да се отвори тој фонд за сите земји од Западен Балкан, јави дописикот на МИА од Белград.

-Треба да ги преземеме неопходните дополнителни мерки за зајакнување на системите за јавно здравје и да го ублажиме социо-економското влијание на кризата предизвикана од Ковид-19 на Западен Балкан, истакна Мекалистер во соопштението.

Тој во име на Надворешнополитичкиот одбор на ЕП, ја поздрави одлуката на земјите-членки на ЕУ за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

-ЕУ на сред кризата ги надмина поделбите и покажа вистинска солидарност со нашите пријатели и партнери. Ја поздравувам задоцнетата одлука за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, жалејќи што досега чекавме овој важен чекор, кажа Мекалистер.

ЕП откако не успеа Европскиот совет во октомври да се договори за започнување разговори со двете балкански земји, одговори со резолуција во која изрази разочарување и истакна дека двете држави ги исполниле условите за почеток на преговорите за членство.

Мекалистер во соопштението оцени дека сега е време да продолжиме да работиме заедно во рамките на унапрената методологија за проширување и заедно да се придвижиме кон „пошироката цел на европските интеграции- обезбедување мир, стабилност, солидарност и слобода во Европа“.

-ЕУ исто така мора да обезбеди соодветна, флексибилна и ефикасна поддршка во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), истакна Мекалистер, германски европратеник од Групата на Европската народна партија.

Одлуката на министрите за европски работи за отварање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија утре треба да ја потврдат и шефовите на држави или влади на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија