Меј: Британија домаќин на самит за Западен Балкан во 2018 година

Од:

Британската премиерка Тереза Меј изјави синоќа дека Велика Британија ќе биде домаќин на самит за Западен Балкан во 2018 година.

– Јасно ќе изразам своја загриженост за потенцијалот за засилена нестабилност во тој регион како и за ризиците врз заедничката безбедност, изјави Меј на самитот на ЕУ во Брисел.

– Поради наводниот обид за пуч во Црна Гора ќе повикам да направиме повеќе за да се сузбие дестабилизирањето од руски дезинформации и ќе нагласам видлива посветеност на Запад кон тој регион, додаде Меј.

Во Брисел се одржува самит на лидери на ЕУ на кој се разговара и за ситуацијата на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори