Меир: Ако победи Бајден нема да ја смени политиката кон Балканот, но веројатно ќе биде поактивен

Од:

Американскиот експерт за Балканот, Алон Бен Меир, оцени денеска дека во случај на победа на демократскиот кандидат Џо Бајден на претседателските избори во САД, политиката на Вашингтон кон Балканот нема да се промени драстично во однос на пристапот на Доналд Трамп, но веројатно ќе биде поактивна.

Меир во интервју за Косово онлајн посочува дека и републиканците и демократите сакаат да видат крај на конфликтот меѓу Белград и Приштина и дека „балканските држави на крајот ќе се интегрираат во ЕУ“.

Мислам дека Бајден може да биде поактивен во тој поглед, особено затоа што тој жестоко се спротивставува на мешањето на (рускиот претседател Владимир) Путин во ситуацијата на Балканот и секако ќе ја охрабри ЕУ да ја забрза интеграцијата на балканските држави, рече Меир.

Тој не очекува преговорите меѓу Белград и Приштина да дадат значителни резултати доколку Белград не се обврзе однапред да ја запре кампањата за убедување на другите земји да го повлечат признавањето на независноста на Косово и ако начелно не се согласи дека конечен исход од преговорите ќе биде признавање на Косово. Меир смета дека процесот на преговори треба да биде структуриран на начин што „ќе овозможи постигнување на таа крајна цел“.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ