Меимаракис го троши времето на Грција

Од:

Грчки владини извори денеска го обвинија лидерот на Нова демократија (НД), Евангелос Меимаракис дека се обидува да го потроши времето што е клучно за иднината на земјата и го повикаа да покаже сериозност.

– До неодамна Меимаракис тврдеше дека тој не се плаши од избори и оти е подготвен. И сега тој се обидува да формира влада од сегашниот парламентот. Покрај тоа, тој прави креативни сценарија, со учество на пратеници на Сириза. Тој дури и планира да се сретне со лидерите на партиите што ги нарече поддржувачи на драхмата и со Златна зора, изјави анонимен претставник на грчката Влада.

Во меѓувреме, други владини извори соопштија дека Панајотис Лафазанис и 24 пратеници на Сириза кои ја формираа парламентарната група „Популарно единство“, јасно ја изразиле нивната намера да ја соборат владата на Алексис Ципрас.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит