Лидерот на најголемата грчка опозицика партија Нова демократија, Евангелос Меимаракис денеска во интервју за Скај телевизија остро го нападна премиерот Алексис Ципрас.
Тој истакна дека премиерот не објаснил зошто ќе се одржат избори и го обвини дека оди на избори за да ги смени „бунтовниците“ во Сириза и претседателот на Парламентот Зои Константопулу.
На новинарско прашање дали се плаши од изборите, тој рече дека Нова демократија ќе победи на изборите и истакна дека со земјата треба да се владее а не да се оди на избори секои пет месеци.
Според Меимаракис, се уште постои можност да се најде решение до петок, и ја истакна важноста да се сфати дека „национален консензус е национална цел“.