Меимаракис: Ципрас бара оправдување да не соработува со Нова демократија

Од:

Лидерот на Нова демократија Вангелис Меимаракис го обвини водачот на Сириза Алексис Ципрас дека се обидува да најде оправдување да не соработува со неговата партија по изборите, јави дописникот на МИА од Атина.

– Тој се обидува да најде оправдување. Зошто не сакаат да соработуваат со нас, ако тој е втор? За да не критикуваат од опозиција?, праша тој, додавајќи дека после се, двете партии можат да соработуваат со оглед на тоа што Ципрас навести дека може се откаже од лидерската позивија во Сириза ако биде на второ место на изборите во недела.

Во интервју за приватната телевизија „Мега“,Меимаракис рече дека разговори за евентуално повторување на преговорите за договорот за трета финансиска помош, ќе бидат можни само после првите шест месеци и ако Владата покажа дека може „да воведе ред во куќата“,и нагласи дека секој кој вели поинаку – лаже.

Тој го критикуваше Ципрас за распишувањето избори, истакнувајќи дека со оглед на тоа што поранешниот премиер сега вели дека може да соработува со Потами или ПАСОК, можеше да го искористи прелиминарниот мандат за да се избегнат предвремени избори.

– Ципрас се промени откако го потпиша меморандумот. Тој направи евтини работи кои се недостојни, рече Меимаракис и го повтори својот став дека ако НД биде прва на изборите, тој ќе се обрати до Сириза, ПАСОК и Потами за да формираат коалициска влада.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит