Мечка нападна маж во Словенија

Од:

Во словенечката општина Шкофљица денеска мечка нападна маж. Како што објаснуваат од љубљанската полиција за медиумите, мечката нападнала средовечен маж кој се шетал во шума со уште едно лице и куче.

Мечката ја повредила ногата на мажот, но според засега достапните информации неговиот живот не е во опасност, а мечката по нападот се повлекла во шумата. Од општина Шкофљица за медиумите велат дека веднаш го известиле Ловното друштво и Министерството за инцидентот.

„Како општина веќе стапивме во контакт со надлежните служби и чекаме повратна информација“, додаваат оттаму.

Од општината не знаат дали се работи за мечка која минатата недела ја удрил возач на патот Градишче – Врх. Повредената мечка по несреќата побегнала во шумата. Тогаш надлежните не знаеле каде е повреденото животно и каква опасност претставува за луѓето.

Ова е веќе трета средба на маж и мечка за краток период на пешачки патеки и патишта, па градоначалникот на општината поведе постапка за проверка на безбедноста.

Неодамна, Министерството донесе одлука со која се дозволува отстрел на 230 кафени мечки од дивината. Ова предизвика голема возбуда. Дел од невладините излегоа остро против, предупредувајќи дека тоа е кршење на европското законодавство.

Премиерот Роберт Голоб, исто така, го повика министерот Урош Брежан да ги замрзне сите одлуки за овогодинешното убивање мечки. Подоцна за тоа разговарале премиерот и министерот и одлуката останува на сила.

Ловот на мечки трае до крајот на април, а потоа продолжува во октомври.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски