Матурант од Нови Сад патентираше изум за разбивање на тромб

Од:

Хуманоста, љубовта кон науката и желбата да му помогне на својот татко, го поттикнале младиот научник Стефан Веља од Нови Сад, да измисли патент, кој кога ќе се внесе во крвни садови, разбива тромбови и на тој начин спречува фатални последници.

Матурантот во гимназијата „Јован Јовановиќ Змај“ стана добитник на златен медал за изум на „тромб гард“, со кој се натпреваруваше на фестивалот иноватори „Еурека“ од 13-ти до 15-ти ноември оваа година во Брисел.

Патентот за разбивање на тромб во организмот, тој го презентираше на Светскиот салон на иноватори, истражувања и нова технологија, при што победи во конкуренција од повеќе од 40 иноватори во област на заштита на здравјето. Во интервјуто за „Новости“ тој откри дека немал големи очекувања и дека веста од Брисел многу го израдувала.

– Ќе бидам најсреќен кога овој патент ќе почне да се применува во лекување на пациенти со кардиоваскуларни проблеми и со тоа ќе се спасат многу животи-вели Веља, додавајќи дека на овој изум работел шест месеци.

Тој е убеден дека во Србија има многу експерти, кои што би можеле да работат на усовршување на неговиот изум.

Пронајдокот е со големина на стент, има електричен чип, а основата е од пластика, додека мрежата е од легура на нитанол.

Мотивот да започне да работи на овој проект била дијагнозата на неговиот татко Јован, на кого му биле откриени два тромбови во ногата.

За учество на фестивалот семејството платило котизација од 7.600 евра, но не заминало во Брисел бидејќи немале доволно пари.

Младиот пронаоѓач освен Златниот медал, доби и орден од прв ред од Кралството Белгија и титула витез, со што е најмлад сопственик на такво признание. На матурантот од Нови Сад награди му доделија и романското Министерство за развој и иновации и московскиот Институт за иновации.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска