Матурант од Хрватска погина на екскурзија во Прага

Од:

Ученик од завршна година во гимназијата „Мате Балоте“ од Пореч погина на матурската екскурзија во Прага. Директорот на СОУ „Мате Балоте“, Крешимир Брониќ изјави дека се уште не се познати околностите за трагедијата.

„За жал, матурант од Пореч беше убиен на матурата во Прага. Не можам да кажам повеќе од тоа бидејќи се уште го чекаме извештајот од локалната полиција. Спроведена е полициска истрага, а што точно се случило и ние ќе дознаеме по официјалниот извештај. Како директор на училиштето се чувствувам ужасно лошо. Не бев присутен, односно не сум на тоа патување. Изразувам најдлабоко сочувство до родителите и целата семејството во име на целото училиште и во мое лично име. Многу сум под стрес, разберете ме. Не можам да говорам повеќе поради тоа што сум во шок“, изјави директорот на средното училиште „Мате Балоте“ во Пореч, Крешимир Брониќ.

Тој додаде дека трагедијата се случила околу полноќ во петокот кон сабота. Тие требаше да останат во Прага до недела, но сите поради ситуацијата веќе се враќаат назад.

„На пат заминаа 87 матуранти од три паралелки и четворица професори, во четврток заминаа на матура, а требаше да останат до недела, но поради целата ситуација која длабоко ги потресе сите, тие веќе си заминаа дома во саботата“, рече директорот.

Би можело да ве интересира

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ